Програмира од 6 години, на 10 години и резервираа работно место во Google

10-годишното девојче доби писмо за поддршка за својата работа и од Мишел Обама. Нејзиниот талент не може да мине незабележано. Самаира Мехта е 10-годишно девојче кое е хит во Силиконската долина. Таа со години го привлекува светското внимание кон себе работејќи како програмер.

Самаира е основач и извршен директор на компанијата наречена „CoderBunnyz“ која постигна успех и ѝ даде шанса да говори на низа конференции. Сè започна кога имаше само 8 години и ја креираше играта „CoderBunnyz“ за да им помогне на другите деца да научат како да програмираат. Инаку, таа програмира уште од 6-годишна возраст.

Во едно видео беше прикажана како моќно талентирано девојче, а нејзината игра почна да се продава на Amazon. И нејзиниот татко работи во IT секторот и е навистина горд на неа. Самаира почна да организира работилници по училиштата и лансираше проект „Yes, 1 Billion Kids Can Code“. На почетокот од оваа година 106 училишта ја користат нејзината игра за да ги учат децата да програмираат.

По успехот на оваа, Самаира лансираше уште една игра наречена „CoderMindz“, во чие креирање учество зема и нејзиниот 6-годишен брат. Работилниците за промоција на играта се случуваа на низа локации, меѓу кои и во седиштето на Google во Калифорнија. Одговорните на компанијата ѝ рекле дека по колеџ таа има обезбедено работно место кај нив. Самаира доби писмо за поддршка и од Мишел Обама, а се сретна и со Марк Закерберг.

To Top