Продолжува лошата серија на Maple Leafs

Од Бојан Божиловиќ

Екипата од Торонто ја продолжува лошата серија во која влезе уште на почетокот на март,кога беа поразени во Ванкувер со 3-1,а два дена подоцна во истиот град загубија уште еднаш со резултат од 4-2. Моментално се наоѓаат во серија од пет порази и само една победа и тоа после продолжение,откако рано утрово загубија од последната екипа во Северната дивизија.
Сенаторс иако во текот на целиот меч беа во водство,во последната третина можеше многу лесно да им биде загрозен резултатот,откако Торонто постигна три гола,но едниот беше поништен,со што гостите останаа “кратки” и двата поени останаа во Отава со минимална победа од 4-3.
И покрај ова Торонто останува на првото место и за сега изгледа како најсилна екипа во оваа дивизија и еден од главните фаворити за Стенли Купот,а ваквите лоши серии се очекувани во еден ваков ритам на натпревари.
To Top