Проект новогодишна кампања ,,И ЈАС СУМ ДЕДО МРАЗ,,

Почитувани,

 

Нашето здружение овие новогодишни празници сака да ги направи убави и среќни за сите! Со таа намена втора година по ред, ја реализираме проект кампањата која има за цел да ја подигне хуманата свест кај јавноста но во исто време да усреќи огромен број на деца и да им ги направи овие новогодишни празници навистина незаборавни, ,,И јас Сум Дедо Мраз,,.

Минатата година имавме рекорден број на донации, од компании,физички лица и јавни личности. Влијанието кое овој проект го направи во јавноста беше неверојатно! Беа донирани околу 3500 подароци, сите прекрасно спакувани, нови, подароци кои беа вистински спремени и подарени со љубов. Лично Дедо Мраз посети околу 800 дреца во нивните домови. Секојдневно 10 дена, од утро до мрак, нашата екипа и Дедо Мраз ги правеа сречни децата на кои им е тоа најпотребно.

Годинава целиме на уште поголема бројка! Сакаме да мотивираме уште поголем број на компании и лица кои ќе ни се приклучат во нашата мисија – што повеќе среќни деца!

Идеата на оваа кампања е да се вклучат што поголем број на компании, јавни личности и физички лица, и секој поединечно да купи подарок, кој ќе го намени за детенце, убаво да го спакува , а потоа сликата да ја постави на социјалните медиуми со хаштаг #ијассумдедомраз и #проектсреќа.

Во прилог на подарокот треба да има ливче каде ќе пишува што точно е подарокот, за кој пол, и за која возраст, како ние би можеле да го дадеме на вистинското дете.

 

Вие, како компанија, би било убаво да ги замолите вашите вработени, оние кои сакаат и се во можност да купат подарок, и на ниво на компанија да направите слика со сите подароци, и да ја објавите на социјалните медиуми, како и останатите компании и физички лица би ги инспирирале со тој ваш хуман гест, а оваа кампања би добила на масовност.

 

Нашето здружение е единствено кое има регистрирано над 1000 деца од 2 до 15 години , кои живеат во социјален ризик, без родители, или со еден родител, и истите ќе ги посетиме лично во нивните домови.

Тоа ќе го направи нашиот Дедо Мраз кој ќе оди кај секое детенце лично и ќе ја создаде новогодишната магија, подарувајќи му новогодичен подарок.

Со овој гест сакаме да им порачаме на тие деца дека некој мисли и на нив, и дека Дедо Мраз не ги заборавил.

 

Подароците , од кога ќе ги соберете од вашите вработени, треба да ги доставите во нашите канцеларии, на ул. Христо Смирненски бр.4/5, Скопје, реон Универзална сала.

Оваа кампања почнува на 1ви декември а завршува на 25 декември 2018 година.

Подароците треба да ги имаме најкасно до 10 декември, како би имале време да ги распределиме и доставиме.

 

Нека оваа Нова Година биде навистина среќна за сите!!!!

 

На следните линкови, можете да видите фотографии од тоа како минатата година изгледаше целиот овој проект, и да се уверите дека вашите донации пристигнуваат на вистинското место!

 

https://www.facebook.com/pg/proektsreka/photos/?tab=album&album_id=531700037193336

 

https://www.facebook.com/pg/proektsreka/photos/?tab=album&album_id=528354707527869

 

https://www.facebook.com/pg/proektsreka/photos/?tab=album&album_id=527399327623407

 

https://www.facebook.com/pg/proektsreka/photos/?tab=album&album_id=529431447420195

 

https://www.facebook.com/pg/proektsreka/photos/?tab=album&album_id=530297290666944

 

Координатор на проект: Благица Ристов, 078/405-264 (после 12.00h)

 

 

 

Со почит, и надеж за за успешна и среќна соработка,

 

Претседател на здружението Проект Среќа

Кристина Арнаудова Петровски

078/378-478

 

www.proektsreka.mk

To Top