Растат како едни меѓу најсреќните деца на светот- еве и зошто

Некои карактеристики на данските родители кои можат да бидат пример за секој кој сака да донесе малку повеќе среќа и задоволство во родителството.

Кристен Подулка е американка која две години живее во Данска со своето семејство. За тоа време, таа забележува  некои карактеристики на данските родители. Таа верува дека може да бидат модел за сите оние кои сакаат малку повеќе среќа и задоволство во нивното родителство,  бидејќи Данците, по некои истражувања, важат за едни меѓу најсреќните нации во светот.

Ова се дел од карактеристиките на данските родители:

  1. Родителите имаат време за себе

Во Данска, правило е децата да одат во детски градинки, а државата  им ја плаќа детската градинка на сите. Значи, децата посетуваат бесплатна детска градинка, дури и ако родителите им работат од дома.  Така родителите имаат време за себе, простор за осаменост и непречено работење.

  1. Заборавете на родителски стравови

Во повеќето дански училишта, има простори и обуки за гаснење на пожари, за да можат децата непречено да печат леб  во училниците и никој да не крева паника. Данците се бестрашни и редовно ги изложуваат децата на контролирани опасности.

  1. Без бирање

Данците не веруваат премногу во можноста за избор. Тие тоа го  сметаат за збунувачки и непотребно. Сите родители, на секое дете, секој ден им  пакуваат ист ручек .

  1. Семејството е на прво место

Во Данска никој не останува во канцеларијата по 16 часа. Сите во исто време заминуваат и дома имаат заедничка вечера. Зборот за да се опише како Данците во пријатна атмосфера  се дружат во кругот на семејството и пријателите е “hygge” (зборот значи топол сјај на свеќи). Данските семејства намерно создаваат таква атмосфера речиси секоја вечер. Тоа е приоритет во текот на денот.

To Top