Рафа се одмазди за поразот во Рим

Од Бојан Божиловиќ

Шпанскиот тенисер е првиот финалист на French Open со победа од 3-0 над Шварцман во првото полифинале.
Диего направи сензација на Мастерсот во Рим откако го доби Надал во два сета,играјќи го најдобриот тенис во кариерата и со тоа стигна до финале против Џоковиќ.Но во Парис аргентинецот не можеше да се го повтори успехот и на крај е поразен убедливо со 3-0.Уште по тешката победа во меч подолг од 5 часа против Тим,беше прашање колку ќе биде подготвен Диего да игра на три сета против најуспешниот тенисер во историјата на Ролан Гарос.
Надал релативно лесно го доби првиот сет во кој имаше водство од 4-1 после два брејка,а Шварцман направи голем број на не форсирани грешки.Вториот сет заврши со ист резултат од 6-3,во кој Рафа повторно успеа два пати да дојде до брејк,а ефикасноста на првиот сервис ја донесе до 80%, додека Диего повторно беше со висок број на не форсирани грешки.Победничкиот сет беше и најнеизвесен во кој Шварцман пружи најголем отпор и мораше да се реши во тај брејк,каде што Надал убедливо победи без ни еден изгубен поен.
Со оваа победа Шпанецот дојде до рекордно 12то финале на Гарос во кое ќе се бори за историска 13та титула и четврта во последните пет години.
To Top