Рифот за Whole Lotta Love најдобар на сите времиња

Од Бојан Божиловиќ

Според читателите на Total Guitar и Guitar World, легендарниот риф од 1969 е најдобар на сите времиња.Песната Whole Lotta Love е издадена како дел од албумот Led Zeppelin II што е втор албум на британскиот бенд. Освен “Stairway to Heaven” ова е нивна најпрепознатлива песна,која воедно беше и прв хит на Zeppelin во САД.Делови од песната се базирани на You Need Love од Willie Dixon, во изведба на Muddy Waters, што доведе до судска постапка,бидејќи при оригиналното издавање Dixon не беше спомнат,но после правната постапка во 1985 му беше исплатена оштета.
На листата на Total Guitar,за најдобар риф на сите времиња, во топ 5 се најдоа уште Crazy Train,Back in Black, Smoke on the Water и Ain’t Talkin Bout Love на петто место.Ова не е прв пат Whole Lotta Love да биде високо на некоја листа.Во 2004 на рангирањето на Rolling Stone, беше избрана за 75та најдобра песна на сите времиња, а BBC Radio 2 исто така го одбра овој риф за најдобар во историјата.
Иако е тешко да се одбери еден риф кој би ја добил оваа титула, за многумина на прво место би бил легендарниот риф на Deep Purple но сигурно дека Whole Lotta Love мора да биде во топ 5 на секое вакво рангирање.
To Top