Родендените ја изгубија смислата

Родители, родендените на вашите деца почнаа да ја губат смислата. Големите торти, скапите декорации изнајмувањето на простори канењето по 30 деца на роденден ја изгуби смислата на самото празнување.

Роденденот треба да претставува симболично одбележување на датумот во годината кој се поклопува со датумот на нашето раѓање. Тоа треба да биде повод за мало прославување во угодна атмосфера со нашите најблиски, семејство и другарчиња.

Но тоа како да се изгубило, денес родендените претставуваат кич забави, со главна роденденска маса, на која има вештачки декорации кои служат само за правење фотографии.

Со овај вештачки ритуал се прави поделба на децата бидејќи секој родител не мое да си дозволи таков луксуз. Децата наместо да се радуваат и другаруваат по редендени почнуваат да се споредуваат кај имал најскап роденден.

Гостите на ваквите кич родендени се обврзани да купуваат скапи подароци што додатно го оптоварува семејниот буџет.

Драги родители, искрено се надеваме дека ќе го прекинете овој невкусен ритуал и ќе го празнувате она што навистина треба да го празнувате тоа е роденденот на вашето дете.

 

To Top