Себастијан Леб во водство после првиот ден

Од Бојан Божиловиќ

Најуспешниот рели возач во историјата на WRC се наоѓа во водство по првите две етапи во Турција.Откако на тестот Новил беше најбрз,продолжи со ист ритам и во првата етапа и ја заврши на првото место со време од 10:13.1 за 3.3 секунди побрзо од Леб и 3.5 од актуелниот шампион Танак.
На втората етапа од првиот ден,со должина од 11.32 км,најбрзо време оствари Ожие со неговата Тојота од 8:34.0 пред Леб и Рованпера кои беа побавни за 0.5 односно 1.3 секунди.Деветкратниот шампион со освојувањето на втората позиција на двете етапи успеа во вкупниот пласман да дојде на лидерското место поради лошиот перформанс на Новил на втората етапа на која задоцни со 5 секунди зад лидерот Ожие и заврши на седма позиција.Белгискиот пилот во вкупниот пласман се наоѓа на второ место 1.2 секунди зад Леб.Рели Турција продолжува утре со нови шест етапи.
To Top