Севиља во борба за полуфинале

Од Бојан Божиловиќ

Вечерва од 21ч тимот на Севиља ќе гостува во Алмерија на Estadio de los Juegos Mediterraneos во четвртфиналето од Кралскио куп на Шпанија.Во Андалузиското дерби голем фаворит е тимот од Примера кој досега ги елиминираше Сиудад де Лусена,Линарес,Легањес и Валенсија во дербито од осминафиналето.Алмерија имаше нешто полесен пат па преку Л’Oспиталет,Нумансија,Алавес и Осасуна дојде до оваа фаза.Како најголема победа беше онаа над Алавес со неочекувани и високи 5-0.
Кај гостите повредени се Акуна и Ескудеро додека домаќинот ќе игра во полн состав.Севиља во последните 15 натпревари во сите натпреварувања загуби само еден меч, на она гостување на Ванда Метрополитано,па во одличната форма во која се наоѓаат се освен нивна победа би било големо изненадување.Со оваа победа тимот на Севиља оди во ново полуфинале од Кралскиот куп и ќе го продолжи походот кон шеста титула во ова натпреварување.
To Top