Секој човек е интелигентен на различен начин. Видови интелигенција

Кога ќе го слушнете зборот „интелигенција“, веројатно веднаш помислувате на тестирање на нивото на IQ. Но дали е тој показател на интелигенција? Всуштост, колку е веродостоен IQ тестот… Кога еден човек се смета за интелигентен, не се дефинира исклучиво по IQ бројот. Тој број е релативен и не е доволен за да се успее во животот.

Интелигенцијата воглавно се опишува како интелектуален потенцијал, нешто со кое сте родени, што може да се измери и нешто што е променливо. Сепак, психологот Хауард Гарднер, кој во модерната психологија го воведе концептот „Теорија на повеќе видови интелигенција“ вели дека секој човек е интелигентен на различен начин. Според Гарднер  постојат 9 видови на интелегенција и тоа :

  1. Визуелно-просторна интелигенција

Овде е јасно e нагласена моќта за визуелизација, и поединците кои ја имаат, се истакнуваат во: проучување мапи, графикони, видео снимки и фотографии. Уживаат во читањето, пишувањето, сликањето, цртањето, решавањето на загатки и слично. Сакаат да го набљудуваат светот околу себе и пронаоѓаат занимливости во него. Обично поседуваат изразена имагинација. Иделани професии за нив се: архитект, уметник, кореограф…

  1. Вербално-лингвистичка интелигенција

Луѓето кои ја поседуваат оваа интелигенција се добри во: користење на артикулација и зборови, пишување, усно изразување и имаат одлична меморија. Сакаат да пишуваат приказни, да читаат, да водат дебати, да користат хумор и детално да ги објаснуваат работите. Иделани професии за нив се: новинар и писател, адвокат,  професор…

  1. Логичко-математичка интелигенција

Одличните вештини за решавање на проблеми и комплексни задачи, уживање во размислувањето за апстрактни идеи, проучување на научни експерименти – овие  одлики се најчести кај научниците, математичарите, инженерите, сметкововителите, економистите, докторите. Омилена забава им се загатките и ребусите.

  1. Телесно-кинетичка интелигенција

Овој вид е изразен кај луѓето кои се чувствуваат удобно во своето тело и го користат за да се изразуваат. Најчесто овој вид на интелигенција ја поседуваат танчерите, атлетичарите и глумците, како и оние кои сакаат да работат со рацете и се занимаваат со активности како што се моделирање, конструирање, поправање. Имаат одлична физичка координација .

To Top