Сент Луис во борба за задржување на првото место

Од Бојан Божиловиќ

Два часа по полноќ Блуз на домашен мраз ќе ги пречекаат Којотите,што за домаќинот ќе биде 10ти дуел оваа сезона.Моментално Сент Луис е лидер во Западната дивизија со 13 поени додека Аризона се наоѓа на претпоследното место.
Во овој дуел Блуз влегуваат со мини серија од три победи,две против Патките од Анахајм и тоа со убедливи 1-5 и 1-6 и победа над Голден Најтс,еден од конкурентите за првото место во оваа дивизија.Од друга страна Којотите во последните пет натпревари имаат три порази.Со победа Сент Луис има можност да остане на првата позиција пред Аваланш и Вајлд кои меѓу себе играат во ова коло.

Фото: Perry Nelson-USA TODAY Sports

To Top