Се подготвува нова Flintstones анимирана серија за возрасни

Од Бојан Божиловиќ

Еден од најпопуларните цртани филмови,кој го опфаќа животот на две семејства од Камено доба,е инспирација за новата анимирана серија комедија.Проектот го развиваат од Warner Bros,студио кое ги има правата за цртаниот,заедно со режисерката/актерка Елизабет Бенкс и нејзината продукција Brownstone Production.

Сеуште нема информација за тоа кога и на која мрежа ќе биде премиерно прикажана серијата но проектот е во почетна фаза па има време за и таа информација да биде официјално објавена.

The Flintstones оригинално бил прикажуван на ABC од 1960 до 1966.Од тогаш наваму Flintstones биле инспирација за филмови,ТВ шоуа,видео игри и стрипови.

To Top