ВО КНИЖАРНИЦИТЕ НА ПРОСВЕТНО ДЕЛО ПОБАРАЈТЕ ГИ сликовниците со омилените јунаци:
Бетмен, Штрумфови, Том и Џери, Сунѓерот Боб!
Секоја едиција со наведените јунаци нуди свои згоди и незгоди, авантури и
доживувања, случки и настани.
ТОМ И ЏЕРИ – Познати по нивните лудории.
Ненадминливиот Џери со кој мачорот Том постојано мака мачи!
И кога лудуваат се симпатични, особено кога Том е надмудрен од решенијата на Џери.
ШТРУМФОВИ – Белокапите човечиња кои уживаат во своето село со сите згоди и незгоди. Ги води паметниот Велештрумф, Штрумфета сите ги шармира, полузаспаниот Спанко талка наоколу, Мускулко со неговите „силни“ решенија, Шегобијко преполн со шеги ги засмејува сите…
Многу се слатки, запознајте ги!
СУНЃЕРОТ БОБ – Што велите? Да не го подзаборавивте?
Па тој е толку интересен, ве повикува на забава!
Секогаш нуди дружба, сакате за фудбал,
сакате за жонглирање со топки …тој е секогаш главен капитен!
БЕТМЕН – Ликот со кој многу деца се поистоветуваат.
Тој е силен и храбар, наоѓа решение за секоја тешка ситуација.
Тој со години ги усовршувал сите
облици на борба и создал арсенал од најсовремена опрема!
Истражувајте, поврзувајте, редете, размислувајте, споредувајте и што е
најважно, учете со сите овие јунаци! Во едициите ви нудиме, решавалки,
боенки, лепенки и уште мнооогу забавни нешта!