Совети за стекнување на работни навики кај децата

Работните навики најдобро е да се стекнат во детството.  Тие имаат големо влијание во формирањето на личноста и квалитетот на живеење.  Доколку децата од рана возраст се стекнат со работни навики,  тие ќе се одразуваат во целиот нивен образовен процес,  давајќи позитивни резултати.

Со стекнатите работни навика  учењето никогаш нема да биде ,,страшно”. Научете како да им помогнете на вашето дете да ги создаде и да го олесни учењето во текот на целото школување. Еве неколку совети како најдобро да го направите тоа.

  • Учењето треба да виде забава

Предшколската возраст е време да се поттикне формирањето на работни навики кај децата кои ќе траат цел живот. Децата треба да ја доживуваат работата и учењето како авантура и да се чувствуваат добро кога ќе стекнат знаење.

Дозволете им на децата да ја изразуваат својата креативност преку цртежи и боенки. Дозволете им да ја одбираат нивната омилена шара на тетратка и блокче, омилениот дизајн на гума, омилената боја молив итн.  Така и ,,досадните” предмети нема да биде тешко да се совладаат и ќе се сметаат за привлечен предизвик. За секој совладан предизвик во школувањето не штедете ги пофалбите.

  • Помогнете им да го пронајдат начинот на учење што најдобро им одговара

Некој памети додека слуша, друг додека гледа или пак пишува…  а на некому му е потребна тишина, концентрација и читање за да го разбери и запомни материјалот кој треба да се научи.

Уште во првите денови на посериозно учење,  кажете му на вашето дете да тестира повеќе од овие техники. Бидете креативни, комбинирајте ги техниките и изнаоѓајте најразлични начини на учење. Сето ова ќе му помогне на вашето дете да го открие неговиот најлесен начин на учење.

  • Навикнете ги на преслушување

Преку преслушувањето знаењето се обновува и  лесно се откриваат ,,дупките” во знаењето, односно се откриваат деловите кои не се разберени и спонтано исчезнле од меморија.  Со преслушување лесно се надоградуваат нови учења,  а пак знаењето се задржува на долги патеки.

Ставете му  детето до  знаење дека ова е најдобриот начин за учење, што ќе го скрати времето поминато над книгата. Повремено преслушувајте го додека не ја усвои таа навика на себе преслушување и додека на сфати како тоа се прави.

  • Учете ги на независност уште од првиот училишен ден

Учете ги да водат грижат за своите работи на училиште;  да ги пишуваат домашните задачи  без ваша помош. Обидетесе да ги научите помалку да се потпира на вас, за подоцна да бидат независни, поподготвени и поуспешни во учењето и општо во нивната кариера и живот.

Исто така, детето мора да се навикне да учи без да очекува материјална награда за тоа. Затоа не им купувајте скапи предмети на децата како награда за нивниот успех. Научете ги да постигнуваат позитивни резултати независно од наградата.

 

Овие работни навики ќе доведат до едно големо олеснување на улогата на родителот. Доколку  детето ги усвои горенаведените навики тие ќе му донесат повеќе забава, ќе им го загарантираат успехот во процесот на образование, ќе стават добри темели за градење на кариера во понатамошниот живот.

 

To Top