Со гол во последните десет секунди за водство од 2-0

Од Бојан Божиловиќ

Tampa Bay Lightning успеа да дојде до втората победа во полуфиналето со голот на Кучеров 9 секунди пред крајот на мечот. Islanders подобро го отворија натпреварот со гол на Мартин за водство од 1-0,резултат кој го држеа се до крајот на првата третина кога Хедман израмни на 1-1. Lightning можеа да бидат задоволни со резултатот од првиот дел, бидејќи офанзивно им беше најлоша третина со упатени само 4 удари кон голот на New York Islanders.
Втората третина беше со најмала содржина,каде што преовладуваа исклучувањата,односно и двата тима добија по 3 исклучувања а во целиот период имаше само 13 удари кон головите.Во третиот дел Tampa Bay тргна поенергично и успеа да ја скрши одбраната на тимот од New York дури во последните 10 секунди.За разлика од првиот меч каде што Lightning ги прегази Islanders со 8 гола,во овој натпревар остварија минимална победа,но многу важна бидејќи ги однесе на 2-0 во полуфиналето.
To Top