Со гол во продолжение за трето финале

Од Бојан Божиловиќ

Екипата на Тампа Беј Лајтнинг е вториот финалист и тим кој ќе се бори со Старс за престижниот Стенли Куп.Шестиот натпревар од серијата заврши со само два гола во регуларниот дел што ги однесе двата тима во продолжение.
Тимот на Њу Јорк Ајлендерс го отвори натпреварот подобро со гол во четврта минута откако Тис успеа да погоди по добрата акција.Но Лајтнинг не чекаа многу за да одговорат и две минути подоцна Хедман израмни на 1-1.Тоа беше и резултатот кој остана по 60 минути хокеј во еден динамичен натпревар со многу шанси.Лајтнинг го завршија мечот со 48 удари кон голот на Варламов додека на другата страна Ајлендерс шутираа 27 пати.Голема заслуга за малиот број на голови имаа руските голмани на двете страни кои успеаа да го завршат натпреварот со над 95% одбрани.
На самиот старт на продолжението Нелсон имаше одлична ситуација да погоди и да ја однесе серијата на 3-3,кога во контра се најде во ситуација 1 на 1 со Василевски,но голманот на Лајтнинг го доби овај дуел и го одржа својот тим во игра.Но на околу 7 минути пред крајот на првото продолжение Сирели успеа да постигне гол за 2-1 и тоа со многу среќа откако пакот удри во статива па потоа во ногата на Варламов за да влези во мрежата и со тоа да го испрати Лајтнинг во финалето по трет пат во нивната историја.
To Top