СТЕФАНИЈА ПОП И ЏЕЗ ПЕЈАЧКА Талентирана и амбициозна

СТЕФАНИЈА  –

Стефанија е мултиталентирана млада девојка со релативно богат уметнички багаж позади себе…Започнува на сцена од најрана возраст, најпрво на модна сцена од 4 години, потоа на музичка сцена , на детски фестивали. Нејзината работна биографија ја пополнува и со актерски улоги и  танчерски искуства .

Прави сопствена музичка продукција “Welcome to STEFANIJA’s Music World”, сопственик е на Анастасија Центар  – центар за перформанси, музика, мода и танци. Нејзиниот немирен дух  се обидува да бара нови хоризонти, па зема учество на музички и реални настани, а своето искуство го пренесува на помладите, на часови по пеење, танц и манекенство. Таа е дипломирана  поп и џез пејачка , на бугарскиот универзитет во Софија – 2014 година.

 

За себе вели дека е талентирана и амбициозна.

 

Нејзината желба да биде единствена, поинаква , впечатлива, ја покажува преку личниот моден стил. На тинејџерите им порачува да бидат свои, да го слушаат сопствениот внатрешен глас и да создаваат сопствен свет.

Таа е вегетаријанец, поборник за здрав начин на живот, тоа го пренесува и на своите ученици – танчери

За нејзините желби и планови, тинејџерски лудории и секојдневни ритуали, гледајте го интервјуто

Разговорот го направи  Ива Димковска – нова генерација  тинејџ водители

To Top