Телефон на маса во друштво- да или не?

Според Мериам-Вебстер, дефиницијата за бонтон е: следење на одредени правила на однесување според нормите на едно општество. Во суштина, бонтон се правила за тоа како треба да се однесувате во социјалниот живот – да имате добри манири е знак на почит и култура. Основните правила на бонтон се всушност релативно едноставни и ја поттикнуваат културата на говор, чист изглед, заедничка учтивост и емоционална контрола.

Додека луѓето ретко ги забележуваат добрите манири, тие секогаш ги забележуваат лошите кои можат да остават лош впечаток. Еве една општо прифатена навика која ја правиме постојано, а не е по бонтон.

Телефон на маса во друштво: Всушност, е непристојно да се остава телефонот на маса. Тоа остава впечаток дека овој апарат ви е премногу важен во животот. Ова имплицира дека ви е здодевно и дека во секој момент го проверувате својот Фејсбук, пишувате пораки или играте игрички.

Во иднина внимавајте дали го оставате телефонот на маса во друштво.

 

To Top