Тинејџерите и спортот

Тинејџерската возраст е идеална за започнување со спорт и рекреација.Се препорачува тинејџерите да имат најмалку 60 минутна дневна аеробна активност која е од витално значење. Спортот е исклучително важен за нивниот раст и развој. Изборот на спортска активност исто така е од големо значење.

Постојат стотици различни спортови на располагање, од пливање, одење, трчање, играње тенис, фудбал, бејзбол, кошарка и многу други. Кога размислувате кој е најдобриот спорт за вас тинејџерите, треба  да ги земете во предвид вежбите за зајакнување на мускулите и коските.

Физичките активности доаѓаат во многу различни форми и добра идеја е да се поттикне активност која опфаќа аеробни вежби, како и зајакнување на коските и мускулите. Како пример, играњето кошарка, гимнастиката итн.

Вреди да се напомене дека Американската академија за педијатрија “Здрава деца” предлага доживотен спорт, како што се голф, џогирање, тенис, скијање или велосипедизам.

Ако  не сте заинтересиран за спорт, можеби овие совети би можело да ви помогнат:

  • Водете активен животен стил
  • Направете физичката активност да биде дел од вашата дневна рутина
  • Посетувајте спортски настани
  • Членувајте во некое спортско друштво
  • Охрабрете се да го поминувате слободното време на отворено н
  • Ограничете си го времето поминато пред телевизорот, компјутерот, и на социјалните мрежи

Одлучете да бидете физички активни уште денес. Направете го вистинскиот избор на спорт и спортска активност.

To Top