Тинејџери, интелигенцијата ви е променлива!

Тинејџерите се склони да се етикетираат себеси, една од честите етикета која сами си ја налепуваат е етикетата- интелигентен\а или неинтелигентен\а. Ако тинејџерот покажи слаб резултат на тестот за интелигенција и сам си ја залепи етикетата неинтелигентен, треба да знае дека тоа е само привремено, бидејќи интелигенцијата кај тинеjџерите е променлива, и нејзините вариjации се највоочливи. Доколку пак тестот за интелигенција покаже дека тинејџерот поседува висок степен на интелигенција тогаш треба и понатаму да работи на својот интелект за да го сочува. Тогаш, дали тестовите за мерење на интелигенција се веродостојни? Прочитајте што кажуваат научниците:

Во еден од клучните периоди во човечкиот развиток – тинејџерскиот период, најновите истражувања покажуваат дека човечката интелигенција може да се зголеми или намали за 20%. Сè зависи од тоа колку ќе го активирате мозокот.

Кај тинејџерите може да дојде до големи промени во нивото на интелигенција во текот на неколку години, како на подобро така и на полошо, што е последица на промената во структурата на мозокот, а не на делувањето на хормоните, утврдија експертите од Лондонскиот универзитетски колеџ (УЦЛ).

Со ова се става под знак прашање целисходноста на тестирањето на коефициентот на интелегенција (IQ) во текот на првите години од школувањето, врз основа кое понекогаш се одредуваат опциите во образованието и во идната кариера на детето.

Интелигенцијата може да се зголеми или намали во текот на животот. И сè зависи од нас – доколку мозокот е „ангажиран“ и активен, дури и некој што не би ни помислувал да решава математички задачи, би можел да стане добар математичар.

To Top