Топ трикови за учење на странски јазик од човек кој течно зборува 11 јазици

,, Учењето јазици е прекрасно искуство. Јас не го сторив тоа со седење дома и бледо гледање во табелите за глаголи. Јас го направив тоа, излегувајќи и живеејќи.”, вели Лук Лампаријало, италијанец кој научил 11 странски јазици.  Еве 7 лекции за учење на странски јазик кои ги научил при совладувањето на странските јазици.

Лекција 1:  Имајте некој или нешто што ќе ви помогне во овој процес, но најдете водич, а не инструктор.

Лекција 2: Јазикот е портал на светoт кој вреди да се истражува. Истражувајте ги земјите во кои се зборува; нивната културата, храната, традицијата итн.  Нема подобра мотивација од тоа!

Лекција 3: Ако најдете метод кој ви се допаѓа и кој ја извршува работа, можете да почнете да го изучувате секој јазик без помош од страна. Не постои најдобар начин за учење јазик. Најдете го оној кој е најефикасен за вас.

Лекција 4: Постојат  четири компоненти за  учење на јазик, тоа се: слушање, повторување, пишување и преведување.

Лекција 5: Учете постепено, бидејќи ако брзо сте научиле лесно и ќе заборавите.  Учете редовно и постојано.

Лекција 6: Се развива јазично јадро во првите 8-12 месеци, а  после тоа се размислува за количината на речникот.

Лекција 7: Обучете го вашиот мозок да ги апсорбира  звуците и сфаќа суштината на јазикот, бидејќи учењето е полесно ако разбирате што учите.

To Top