Топ 5 спортски филмови за 2000-2010

Од Бојан Божиловиќ

Низ филмската историја има повеќе,влијателни и успешни спортски филмови кои сеуште се паметат и гледаат.Од “Grand Prix” (1966), “Rocky” (1976), “The Karate Kid” (1984) па се до најновите филмови од претходната деценија,фановите на овој жанр имаат можност да видат приказни од различни спортови,од кои дел опфаќаат и вистински спортски кариери и настани.На оваа листа ќе се фокусираме на првата деценија од 21 век и на некои од најдобрите филмови од овој период.

Gridiron Gang

Филмот на Phil Joanou,кој е базиран на вистинска приказна,премиерно беше прикажан во 2006.Се работи за поправен дом,каде што еден од вработените Sean Porter (Dwayne Johnson) сака да воспостави тренинзи по амерички фудбал за децата кои се наоѓаат во домот,со цел да ги научи на вистински вредности и да ги тргне од криминалот по нивното излегување.На крајот,работата на Porter се покажува добра и речиси сите членови на тимот продолжуваат со нормален живот односно се тргаат од своите банди.Филмот е базиран на приказната околу Kilpatrick Mustangs,за што беше и снимен документарец во 1993.Во главните улоги се Dwayne Johnson и Xzibit.

Coach Carter

Ова е сигурно еден од најпознатите спортски филмови,особено кога станува збор за кошарка.”Coach Carter” (2005) е во режија на Thomas Carter,a главната улога ја има Samuel L. Jackson,кој го игра кошаркарскиот тренер.Картер започнува со работа во средно училиште,каде што кошаркарскиот тим има катастрофална сезона и многу мал дел од учениците продолжуваат на колеџ.Тој веднаш воспоставува висока дисциплина помеѓу играчите и за нив има посебни барања,односно сите мора да бидат добри ученици со добар успех доколку сакаат да бидат дел од неговиот тим.Неговата стратегија на крај се покажува успешна по одличниот резултат но и одлуката на повеќе играчи од тимот да продолжат на колеџ.Освен Jackson во главните улоги играат Rob Brown, Robert Ri’chard и Rick Gonzalez.

The Longest Yard

На оваа листа се наоѓа и една комедија,тоа е “The Longest Yard” oд 2005,со главна улога на Adam Sandler.Во филмот на Peter Segal,Paul Crewe (Adam Sandler) е поранешен NFL играч,кој води луд живот и по една брканица со полицијата и сообраќајна несреќа која ја предизвикува е осуден на три години затвор.Откако е пренесен во затворот тој добива понуда од Rudolph Hazen (James Cromwell) кој е директор на затворот и голем фудбалски фан,да направи свој тим од затворениците кои би играле против чуварите.Иако на почетокот креирањето на екипата е тешко,Crewe сепак успева да создаде тим кој ќе се пресмета со чуварите и кој покрај заканите ќе успее да победи во мечот кој ќе се игра пред публика и ќе биде пренесуван во живо.Покрај Sandler во главните улоги се Chris Rock и James Cromwell.

Never Back Down

Филмот на Jeff Wadlow од 2008 е еден од најпопуларните филмови во 21 век,кога се во прашање боречките спортови,кој допринесе и во популаризацијата на ММА спортот.”Never Back Down” ја опфаќа приказната на Јаck Tyler (Sean Faris),момче кое со својата фамилија се доселува на Флорида,со цел неговиот брат да има подобри услови за тренирање тенис.Откако започна во новото средно училиште тој е поканет од Baja Miller (Amber Heard) на куќна забава кај неговиот соученик Ryan McCarthy (Cam Gigandet),кој веќе се занимава со ММА.Tyler на забавата е провоциран од Ryan да учествува во борба со него,во која е лесно поразен откако по тешките провокации прифати да се бори.После ова Tyler започнува да тренира ММА кај тренерот Roqua и на крај успева да го победи Ryan и да се одмазди.

Goal!

Како последен филм на оваа листа е Goal! од 2005,првиот филм од трилогијата која зборува за фудбалскиот пат до врвот на сиромашното момче Santiago Munez (Kuno Becker) од Мексико.Откако скаут на познатиот англиску клуб Newcastle ги забележува квалитетите на Munez тој е донесен во Англија од каде што и започнува неговиот кариерен пат и неговиот пат до популарноста.Филмот го опфаќа пристигнувањето на Munez во Англија и неговата адаптација во новиот клуб,каде што и покрај почетни потешкотии успева брзо да се вклопи и да прави добри резултати и со тоа се повеќе да го привлекува вниманието на јавноста. Во “Goal!” се појавуваат многу големи фудбалски имиња како,Beckham, Zidane, Ronaldo, Shearer,Messi,Henry и многу други,а покрај тоа и легендарниот Brian Johnson е дел од филмот во улога на фан на Newcastle.Филмот е во режија на Danny Cannon,а во главните улоги се Kuno Becker,Alessandro Nivola и Anna Friel.

 

 

To Top