Тренинг за тинејџери почетници

Физичката активност е исклучително битна за секоја возраст. Најчесто тинејџерите имаат свој омилен спорт и посетуваат тренинзи. Но има и такви кои немаат време или не сакаат да се запишат да тренираат некаков спорт, но имаат е желба да бидат физички активни, токму на нив ова видео  добро ќе им дојде.

Тинјеџерите исто така имаат и многу енергија која нема каде да ја потрошат. Долгите часови на училиште, додатното пишување на домашните задачи и во слободно време седењето пред компјутер не можат да ги надоместат неколкуте тренинзи неделно. Затоа ова видео со вежби ќе можат да го пуштаат секојдневно и да ги прават вежбите следејќи ги инструкциите.

За ова видео не требаат нови патики ни нови тренерки ниту пак, тренер… Се притиснува само Play и се почнува со вежбање.

Доколку некоја вежба не можете правилно да ја изведете, најдобро е да ја прескокнете. Нека родителите ве пратат дали вежбите правилно ги изведувате како  тренерот во видеото, бидејќи најбитно е вежбите да бидат правилно изведени.  Доколку не можете да ги направите повторувањата колку што се во видеото, слободно застанете, следниот пат ќе можете повеќе.

To Top