Укинување на сите училишни предмети – не е желба вистина е

Во Финска училишната револуцијата доаѓа во форма на уништување на сите формални училишни предмети.

Раководителот на Одделението за образование во Хелсинки, Марио Кајленен, објави дека тој верува дека сегашниот начин на учење на децата врз основа на моделот кој се користи,  веќе не е релевантен ниту корисен. Силно верувам дека нашите потреби се променија и дека ние треба да ја прилагодиме нашата настава за да ја совпаднеме со нашиот нов начин на размислување и развој, вели Кајленен.

Новиот систем, кој планира да се воведе 2020 година, во кој студентите ќе се запознаваат со него на 16 години. По завршувањето на почетната обука од пошироката област на предмети, ќе  можат да изберат кои конкретни работи сакаат да студират, врз основа на нивните интереси и идни перспективи.

Финскиот образовен систем исто така ја поттикнува колективната работа, што значи дека студентите ќе работат заедно во мали групи, во  кои ќе се дискутира, наместо да се седи сам во клупа каде што се учи од страна на еден наставник.

Овој нов систем ќе  бара  наставниците да бидат со отворен ум и флексибилни, а околу 70% од наставниците во Хелсинки веќе почнаа со подготовките за новиот начин на работа, и како резултат ќе добијат покачување на платата.

To Top