TVB

ФИЗИЧКИТЕ АКТИВНОСТИ ГО ПОТТИКНУВААТ РАБОТЕЊЕТО НА МОЗОКОТ КАЈ ДЕЦАТА

Ако ги поттикнувате децата да трчаат, скокаат, прескокнуваат, да се бркаат едни со други, да играат со топка, забележително  ќе ја подобрите нивната способност за размислување, покажуваат резултатите од најамбициозната студија за физичката активност и кoгнитивност кај децата.

Како вежбањето го поттикнува работењето на мозокот кај децата.

Оваа студија ја истакнува важноста од физички активности за здравје и развој на мозокот кај децата, особено во поглед на одредени вештини на размислување кое најповеќе влијае на училишниот успех.

TVB

Одамна се знае дека децата подобро размислуваат ако се движат. Студијата покажала дека децата имаат подобри оценки на тестови по математика, подобро  читаат ако пред тоа биле во прошетка. Друга студија покажала дека аеробните вежби имаат влијание врз структурата на мозокот, така што деловите  од мозокот задолжени за размислување и учење се поголеми  кај деца со подобра кондиција.

За потребите на студијата, објавени  во септемврискиот број на магазинот Pediatrics, истражувачите од Универзитетот во Илиноис  од државните основни училишта побарале да изберат ученици на возраст од 8 и 9 години за програмата за  вежбање по училишните обврски.

На таа возраст децата нагло ја развиваат  извршната функција на мозокот, што претставува способност да воведат ред во својот начин  на размислување. Извршните функции помагаат во контролата на истовременото извршување повеќе ментални функции, одржување концентрација и спречување на несоодветни реакции.

Се пријавиле 220 деца , од кои 110 деца биле ставени на листата на чекање, а другата половина секојдневно по два часа, со пауза за одмор, имале физички активности, се движеле и по три километри по тренинг. Програмата траела цела учебна година, секој ден, а биле следени и со монитори за работа на срцето и педометри.

„Сакавме да си играат“ изјавил Чарлс Хилман (Charles Hillman), професор по кинезиологија и социјално здравје, главен автор на студиите..

На крајот на програмата  двете групи ги повториле физичките и когнитивни тестови.

Како и што се очекувало, децата физички активни имале подобра кондиција, имало намалување на телесните маснотии иако телесната тежина не била во фокусот на студиите.

Нивните резултати на тестовите биле многу подобри од претходно, а биле подобри во „контролата и концентрацијата“

„Пораката е дека децата треба да бидат физички активни и поради здравјето и поради развојот на мозокот. Ако сакате децата добро да читаат и да решаваат задачи, обезбедете  им да се движат“.

Извор: Moj pedijatar

To Top