Форбс ја објави листата за највредните спортски клубови во светот

Од Бојан Божиловиќ

На листата која Форбс ја објави за највредните спортски клубови за 2019, прв е тимот од NFL,Dallas Cowboys со вредност од 5 милијарди долари. Тимот од Далас веќе 4та година е на првото место на оваа листа.На второто место е легендарниот тим од MLB лигата,New York Yankees со вредност од 4,6 милијарди долари.На третата позиција е Реал Мадрид со 4,24 милијарди,пред нивниот најголем ривал Барселона,кој има вредност од 4,02 милијарди долари.На петто место е највредниот клуб од NBA,New York Knicks со 4 милијарди долари. Останатите oд топ 10 се:

6.Manchester United(Premier League) – 3,81 милијарди долари

7.New England Patriots(NFL) – 3,8 милијарди долари

8.Los Angeles Lakers(NBA) – 3,7 милијарди долари

9.Golden State Warriors(NBA) – 3,5 милијарди долари

10.New York Giants(NFL) и Los Angeles Dodgers(MLB) – 3,3 милијарди долари.

Интересен податок е дека од 50 светски клубови на оваа листа дури 26 доаѓаат од NFL лигата,која има вкупно 32 тима.На второ место е MLB лигата со 9 претставници,а на листата се најдоа 8 фудбалски клубови и 7 претставници од NBA.

Уште еден интересен податок е тоa дека во 2012 само Manchester United бил со вредност од над 2 милијарди долари,а сега такви се сите 50 клубови и речиси сите клубови од NFL.

To Top