Читајте ги безвремените приказни и откријте нов волшебен свет!

Во оваа едиција може да ги најдете следниве наслови:
Петар Пан, Пепелашка, Трите прасиња, Мачорот во чизми, Снежана.

Ова се веќе добро познати безвремени приказни, но овој пат со интересен
формат и привлечни илустрации кои ќе им го задржат вниманието на децата.
Гарантираме дека не само што ќе го привлечат вниманието на децата, туку и
со задоволство ќе ги замолуваат мама и тато или баба и дедо да им ги
читаат, постојано ќе бараат да го прават тоа за нив, или, пак, за оние кои
знаат да читаат ќе им се враќаат на овие приказни повторно и повторно …се
додека не ги научат сами да ги раскажуваат.
Во сликовниците се раскажува со лесен, ненаметлив и едноставен стил.
Речениците се кратки, јасни и содржат зборови кои се разбирливи за децата.
Разиграниот и различен тип на букви и разиграноста на цртежите и тоа како
ги мамат децата постојано да ги прелистуваат страниците.

    •  Петар Пан, магичното момче од Недојдија, и неговата пријателка
      Ѕвончица им приготвуваат изненадување на двете братчиња…откријте
      за какво незаборавно искуство станува збор.
    • Тешкиот живот на прекрасната Пепелашка прераснува во бајка откако
      принцот ја одбира токму неа за животна сопатничка. Како….ах, за тоа
      повеќе во сликовницата.
    • Трите мили прасенца сакаат да започнат живот, секое во своја посебна
      куќа. На што наидуваат и каква порака има од најстарото прасенце – ќе
      дознаете сами!
    •  Мачорот во чизми е толку привлечна приказна, а овде е проткаена со
      римувани стихови. Воодушевуваат постапките и идеите, неговите мудрости и како тоа успева на еден волшебен начин едно обично
      момче да претвори во „маркиз од Карабас“.
    • Познатата приказна за Снежана и седумте џуџиња раскажува за
      добрината и карактерот и за убавината на Снежана. Како и помагаат
      џуџињата и како таа ќе биде избраничка на принцот…дознајте читајќи!

To Top