Што е МЕНСА?

МЕНСА е меѓународна организација на луѓе кои имаат натпросечен коефициент на интелигенција. Како МЕНСА Интернационал со седиште во Велика Британија има мрежа низ целиот свет и брои околу 134 000 членови кои ги исполнуваат условите и ги поминале нејзините стандардизирани тестови на интелигенција. „Менса интернешенел“ има 40 национални организации, меѓу кои и „Менса Македонија“.МЕНСА е непрофитна организација основана на 1-ви Октомври 1946 година.

За да станатете член на Менса, мора најпрвин да го проверите својот коефициент на интелигенција.  „Менса тестот опфаќа само два сегменти од општата интелигенција, значи мери логичка и спацијална или просторна интелигенција. Во општа интелигенција спаѓаат и вербална, музичка, ликовна и интерперсонална интелигенција” – објаснува Ивана Маринчев, психолог.

Тестот е составен од 36 задачи кои треба да се решат за 40 минути. Задачите се невербални, акултуролошки, односно не се поврзани со ниедна култура, стандардизирани и исти во сите земји во светот. „Тоа се тестови со слики, кои треба да се наредат по одредена логика. На пример постојат 8 слики, деветтата недостига. Понудени се 6 или 8 одговори и кандидатот треба да се реши за еден од понудените одговори” – дополнува Маринчев.

Петар Пандилов, претседател на „Менса-Македонија“ вели дека 30 до 40% од Македонците што се пријавуваат на тестирање го положуваат тестот:  -„Досега имаме направено преку 50 тестирања низ цела Македонија, на кои 670 кандидати покажале резултат IQ над 148, што е единствен услов за влез во Менса”.

To Top