Ѓорѓи Чешмеџиевски е најмлад македонски шампион во решавање на рубикова коцка

Робиковата коцка е најпродаваната играчка на светот. Но што мислите колку од купувачите на оваа интересна играчка успеале да ја наместат? Рубиковата коцка ја создаде унгарецот Ерне Рубик во 1974. На Рубик му требало цел месец за да го реши сопствениот изум.

Осумгодишниот Ѓорѓи Чешмеџиевски е најмлад македонски шампион во решавање на рубикова коцка. Неприкосновен е во решавање на помалата рубикова коцка – за само 4 секунди.„Почнав кога еден ден на Јутјуб гледав некои видеа и сакав една да си имам една за мене. Во 2015-та отидовме во Грција и најдовме една коцка за 2 евра…”, објаснува Ѓорѓи.

„Albanian Open 2018“ е прв негов натпревар каде сруши два национални рекорди. Во Софија тој сруши 7 национални рекорди во брзо местење на коцки. Ѓорѓи е притоа и најчесто  најмлад учесник на натпреварите.

Ако сѐ уште сметате дека не можете да ја наместете рубиковата коцка, време е да се обидете повторно.

To Top