ЈАПОНЦИТЕ ОБЈАСНУВААТ ЗОШТО ПОЛОВИНА ЧАС ВО ДЛАБОКА ШУМА ГО ШТИТИ ИМУНИТЕТОТ И ДО ДВА МЕСЕЦИ!

ЗГОЛЕМЕТЕ ГИ ЗЕЛЕНИТЕ ЧАСОВИ ВО СЕМЕЈСТВОТО. На тој начин ќе ги намалите часовите на вашите деца пред  ИТ уредите.

Има многу истражувања што произлегуваат од Јапонија, покажувајќи дека трошењето време во природата наспроти времето за трошење во бетонските џунгли,  може да ја подобри концентрацијата, да го намали нивото на стрес  и да го зајакне  имунитетот.

Придобивките од трошењето време во природата се препознаени на меѓународно ниво. Во САД лекарите препишуваат „нешто како – рецепт за во парк “, а во Јапонија т.н. “шумско капење” е прифатена практика која станува се повеќе популарна во Ванкувер.

Шетајќи во шума, макар и еднаш во животот, секој од нас уживал во убавините на природата. Тоа е причината зошто некои луѓе избираат да живеат во шума или покрај неа, а зошто некои патуваат со километри  за да бидат во шума. Научници од Јапонија откриле дека традицијата позната под името Shinri-ioku  или “капење во шума”  и понатаму е прифатена и се практикува, а причината е од биохемиска природа.

Престојувањето во шума го подобрува имунитетот кој е  важен за одбрана од тешки болести.

Како се случува тоа?

Научниците тестирале луѓе пред и по двочасовно шетање во шума, кај сите нив  забележале поголема смиреност, низок крвен притисок и бистрина во главата.

Шумските дрвја и билки  емитираат во околината „ антимикробни органски деривати“ т.н. фитонциди, за да ги истребат габите и бактериите. Бактериите и габите се проблем за нашиот имунитет, а по се изгледа дека и дрвјата не ги сакаат.

Шумските стебла се стари по стотина , а некои и по илјада години, тие го усовршиле начинот на заштита, со соединенија на компоненти  кои ги уништуваат  габите  и бактериите. Кога се шетате низ шума, вашиот здив се соединува со компонентите кои ги испуштаа во воздухот. Ефектот трае околу два месеци.

Да кажеме дека , шетајќи се низ шума, ние се капеме во тој природен имунитет, опкружени со „фитохемискиот“  имун систем на шумата

Професор Кинг Ли од одделот за хигиена и јавно здравје во медицинското училиште Nipon, во Токио, ја презентираше оваа приказна пред  американската писателка за наука  Any Lenny Phillips.

 

 

 

 

 

 

Во статијата посветена на оваа тема има подетални информации за ефектите на специфичните хормони, вклучувајќи ги и норадреналите DHEA  на стрес  и адинопектин.Всушност ниското ниво на адинопектинот е поврзан  со дијабетесот и дебелината.

Студијата е објавена на European Journal of Applied Phisiology.

Од суштинско значење е за здрав развој на децата. Во сопствена режија креирајте најразлични игри, покажете им ги убавините на природата и времето поминато во неа. Важно е родителите да бидат добар модел на своите деца. Канадското педијатриско друштво препорачува нула време пред  екран за деца од две години  и помалку, а помалку од еден час дневно за деца на возраст меѓу две и пет години.

Стапките на дебелина кај децата и младите речиси тројно се зголемија во последните 30 години. Агенцијата за јавно здравје на Канада препорачува децата да се вклучат во најмалку 60 минути физичка активност дневно.

alternativainformacije.com

 

 

To Top