Ќе џвакаме CUNGA LUNGA на ЛИТЕРА – ФЕСТИВАЛ ЗА ДЕТСКА КНИЖЕВНОСТ И ИЛУСТРАЦИЈА

Овој викенд, Музејот за современа уметност во Скопје ќе се претвори во магичен замок полн со ликовите од нашето детство, приказните кои ги знаат и во сон и илустрациите кои им дозволија на децата да влезат во светот на хероите од лектирите и светот на Cunga Lunga.

На 13 и 14 април ќе се одржи првиот Меѓународен фестивал за книжевност за деца и детска илустрација во организација на ЛИТЕРА.

Како спонзор и пријател  на децата, Cunga Lunga ќе се претстави во неколку категории; изложба, работилница за цртање и панел дискусија.

На Cunga Lunga ретроспективната изложба со илустрации, ќе се отслика развојот на брендот, а со тоа и вкусот на генерациите кои пораснале со истиот.

На изложбата посетителите ќе можат да видат 20 оригинални сликички од словенскиот Волт Дизни – Мики Мустер, како и илустрации и стрипови од  Тхе Мичо и Верица Пиперевска.

ЛИТЕРА 2019 ќе понуди свежи содржини и богата програма за најмладите, но и за сите љубители на литературата за деца и илустрација. Ретроспективната изложба со илустрациите од македонските читанки, буквари и лектири, меѓу кои онаа на Младен Туниќ, претставуваат вистинско богатсво кои како временска машина ќе ги вратат постарите посетители во своето детство.

Освен дела на М. Туниќ, на изложбата ќе може да се видат и илустрации на македонските креативци Томче Маневски, Стоилчо Георгиевски-Цоне, Димче Исаиловски, Томо Шијак, Димитар Божиков-Мичо, Жарко Туниќ, Орде Маневски, Ацо Цветковски, Ацо Каевски, Мирослав Вељковиќ-Мишо и многу други.

За децата испирирани од илустрациите, на 14 април од 16-17 часот, под менторство на македонската илустраторка Катерина Тери Николовска ќе се одржи CUNGA LUNGA работилница за илустрација, каде што децата ќе може да си нацртаат свои CUNGA LUNGA суперхерои.

Целта на фестивалот е да ги презентира најдобрите дела од домашната и светската детска литература и илустрација. Фестивалот нема да биде класичен „саем на книга“ туку ќе понуди многу повеќе содржини. Ќе се организираат работилници на кои искусни автори ќе им го пренесат своето знаење на најмладите посетители и ќе ја поттикнат нивната креативност. Исто така, преку организирање дебати ќе се отворат низа актуелни прашања како местото на книгата во дигиталниот свет, улогата на детската литература во интелектуални и емотивниот развој на најмладите итн. Ќе се разговара и за квалитетот на детксата литература, дали и колку е таа застапена кај домашните издавачи. Пред публиката ќе се претстават афирмирани илустратори од Македонија и од странство, кои ќе одржат свои работилници, ќе пренесат искуство од техниките во кои работат и од соработката со меѓународни автори. Ќе се организира и ретроспективна изложба на илустрации за деца од македонски автори. Идејата е фестивалот да прерасне во традиција и да се позиционира на мапата на светски фестивали посветени на детската литература и илустрација.

Идејата е фестивалот да прерасне во традиција и да се позиционира на мапата на светски фестивали посветени на детската литература и илустрација. Влезот на двата фестивалски дена ќе биде бесплатен за посетителите.

Чунго ве очекува заедно да џвакаме, цртаме и играме! 🙂

To Top