Џејми Фокс во улога на Тајсон во новиот биографски филм

Од Бојан Божиловиќ

Филмот кој ќе зборува за животот на еден од најуспешните и најпопуларни боксери на сите времиња,Мајк Тајсон, е веќе во изработка иако снимањето сеуште не е започнато.Тоа што е моментално познато е дека Џејми Фокс ќе биде во улога на Тајсон,а сеуште нема информации за тоа кој ќе биде режисер и кој го пишува сценариото.Првично се шпекулираше дека Мартин Скорсезе ќе биде режисер,но поради ангажираност на друг проект тоа се промени.

Џејми Фокс веќе подолг период се поврзува со оваа улога,а и самиот тој има најавено дека сака да ја игра улогата и да го покаже вистинскиот Тајсон.Бидејќи како што објасни во една негова изјава дека се запознале со “Челичниот Мајк” уште во текот на 80те кога тој беше во своите најдобри години од кариерата и дека самиот сведочел на падот кој му се случи на Тајсон подоцна,кој откако беше притворен во 1991 помина некое време и во затвор а после тоа се врати на боксот се до 2005та кога стави крај на кариерата.

Новиот филм ќе биде со наслов “Finding Mike” и според сегашните информации и развој на настаните се очекува филмот да излези во 2022,а можно е и подоцна.

To Top