Џокер отценет со R

Од Бојан Божиловиќ

Новиот филм на Тод Филипс поради содржината е отценет со R (Restricted),што во САД значи дека за деца помлади од 17 години е потребен надзор од родител или старател.

Џокер е базиран на стриповите на DC и се работи за нивниот препознатлив лик кој досега го гледавме како негативец во филмовите со Бетмен.Сценариото е дело на Тод Филипс и Скот Силвер.Филипс бил инспириран од некои од легендарните филмови на Мартин Скорсезе кој и самиот бил дел од раната продукција на Џокер но потоа заминал поради други обврски.Во улога на Џокер ќе биде Хоакин Феникс,а некои од другите актери кои се појавуваат се легендата на кинематографијата Роберт Де Ниро,Зези Биц,Францес Конрој и Брет Кален.Тод Филипс е и продуцент на филмот,заедно со Бредли Купер и Ема Тилингер Коскоф.

Дејството на филмот се одвива во 1981 во Готам каде неуспешниот комичар Артур Флек кој е игнориран од општеството почнува да полудува и навлегува во криминал,станувајќи криминалец познат како Џокер.

Филмот на глобално ниво својата премиера низ кината ќе ја има на 4ти Октомври,а премиерно ќе биде прикажан на 76тото издание на Венецијанскиот филмски фестивал.

To Top