4 годишната Бела зборува 7 јазици

Четиригодишно девојче  ја шокираше публиката. Малечката Бела  течно зборуваше на  седум јазици во телевизиското шоу. Таа  учествуваше на руската телевизиска емисија “Неверојатни луѓе”, каде го импресионира  жирито  со извонредните јазични вештини.

Покрај нејзиниот мајчин руски јазик, Бела  зборува: англиски, германски, шпански, француски, кинески и арапски. За време на шоуто таа успева  да одговори на прашања базирани на училишната наставна програма и тоа на сите погоре наведени  јазици.

To Top