5 ПРИЧИНИ КОИ ЈА ПРАВАТ ПРОФЕСИЈАТА – УЧИТЕЛ НЕЗАМЕНЛИВА И ДОСТОЈНА ЗА ПОЧИТ

  1. Учителот има потенцијал  да го промените животот на децата на подобро, вложува труд да му помогне на децата.Одговорноста е голема, да се биде учител е голем предизвик.
  2. Оваа професија дава можност за постојано подобрување на самите себе , дава слобода за креативност и впуштање  во непрекинат процес на создавање оптимална средина за учење.
  3. Учителите ретко оваа професија ја избираат поради висината на платата, затоа што таа никогаш не е сразмерна со бројот на саати кои ги поминуваат за време на часот и подготовките за истиот. Дополнителните  активности и задачи се всушност неизбежен дел  од таа работа, као што се: презентација на сопствените идеи пред родителите, барањето увид во наставата, соработка со останатите колеги, оценувањето како најважна алатка, неопходна  за разбирање дали децата учат или не.
  4. Оваа професија дава можност вистински да го внесат  светот и децата  во 21от век, преку запознавање со новите технологии,  бројните начини на обработка и презентирање на информациите и соработка со другите (комуникација). Модерните учители се воедно и педагошки стручни лица, па во блиска иднина ќе може  со гордост да се потпрат на својата професија и улогата во заедницата.
  5. Многу малку професии го овозможуваат тоа чувство да сте некому потребни, а учителите и тоа како им се потребни на децата. Најголема причина се самите ДЕЦА!
To Top