5 трикови за да направите убава фотографија

Фотографиите се уметнички дела, а фотографирањето уметност. Еве 5 совети како да направите убави фотографии, и да се запознаете со основните правила на фотографирањето. Еве трикови како да направите убава фотографија:

1.Чистата леќа на камерата е најважна

За да добиете добар контраст и посилни бои, секогаш пред да сликaте, избришете ја камерата од мек материјал. Најдобро е доколку имате марамче за очила при рака.

2.Колку повеќе слики – толку поголеми шанси за супер фотографија

Не се срамете да се размрдате и разместите, испробајте 5-6 агли, разни светлини и поставеност на предметите.

3.Испробајте повеќе агли

Понекогаш замислата не секогаш се реализира онака како што ја имаме во главата. Па затоа, испробајте и други опции.

4.Водете се по правилото „нов ден – нова приказна“

Животот е полн со моменти кои вреди да ги погледнете низ објективот. Еден ден сликајте архитектура, а веќе друг сликајте го цвеќето кое се издвојува од многуте. Не следете една тема или поза.

5.Доловете ја убавината на деталите

За добра фотографија не ви треба многу – доволен е еден предмет. Понекогаш тој може да биде поинтересен од што сте очекувале.

To Top