5 трикови кои ќе ја ослободат меморијата на вашиот телефон

Телефонската меморија се полни  многу брзо, главно поради куп апликации, фотографии, музика и други датотеки. Доколку често добивате известување за недостаток на меморија, ве советуваме да ги прочитате следниве трикови:

  1. Префрлете ги фотографиите и видео клиповите од телефонот на вашиот компјутер

Голем број фотографии и видео клипови  можат да заземат многу простор, па најдобро решение би било да ги префрлите на вашиот компјутер и потоа да ги избришете од паметниот телефон.

  1. Користете MicroSD картичка

Користењето на MicroSD картичката како дополнителна меморија за складирање не е трајно решение, но дефинитивно ќе помогне.

  1. Избришете ги апликациите што не ги користите

Еден од најлесните начини да ослободите  неколку мегабајти простор е да ги отстраните апликациите и игрите што повеќе не ви се потребни или едноставно не ги користите.

  1.  Користете “облак” услуги

Доколку фотографиите и музиката се најголеми потрошувачи на телефонска меморија, тогаш едноставно “подигнете ги во облакот”. Google Photos е бесплатна апликација која работи на сите оперативни системи и нуди бесконечен простор за фотографии и видеа до 16 MPx и 1080p.

  1.  Ресетирајте го телефонот од време на време

Нема подобар совет или трик за ослободување на просторот во телефонот како враќање на фабричките поставки. Ресетирањето на телефонот е единствениот начин да го вратите во совршена состојба како кога сте го купиле. Сепак, не заборавајте дека со ресетирањето на телефонот, апсолутно ќе ги избришете сите информации што ги имате во него.

To Top