“A Quiet Place Part II” со нов датум на премиера

Од Бојан Божиловиќ

Премиерата за продолжението на филмот од 2018 е одново поместена и новиот датум ќе биде септември 2021.Хорор филмот на Џон Кразински,каде ја игра и главната улога,беше добро прифатен и од публиката и од критичарите и доби висок рејтинг.
Па така,сигурно се високи очекувањата и за новото продолжение кое беше снимено уште во 2019,филм во кој режијата е одново на Кразински,а исто така повторно самиот тој ќе биде во главна улога покрај Емили Блант и Силијан Марфи.
Причина за веќе третото одложување на премиерата е пандемијата поради која Paramount Pictures мораше да го одложи својот филм за година и пол.
To Top