Инспириран од популарниот стрип на Харолд Греј – ,, Малото сираче Ени“, мјузиклот за прв пат бил изведен на сцената на Бродвеј, во 1977 г. е добитник на седум Тони награди (Tony awards) за најдобар мјузикл, а на истата сцена е изведуван преку 2000 пати.
Со сите свои пријатните и непријатните доживувања Ени, на 16.мај премиерно во Драмскиот театар во Скопје.
Првиот лиценциран бродвејски мјузикл за деца и младинци Ени Јуниор, е проект на здружението за инклузивно и неформално образование КРЕО-АКСИС од Скопје во чии рамки е формиран хорот Креативо.
Наташа Лалчевска, музички педагог и хорски диргент е музичкиот директор кој стои позади реализацијата на овој проект.