CUNGA LUNGA прави соработки со игротеки на територија на цела Македонија

Кога и да влеземе во игротека, се навраќаме кон нашето детство. Она што игротеката ,,Бубамара” ја прави поразлична од останатите, е тоа што е директен портал кон детството, влез кон магичниот свет на Cunga Lunga. Отсега Вашите родендени можат да го имаат препознатливиот вкус со оригиналната Cunga Lunga слатка маса и новиот ентериер на ,,Буба Мара” што ја продолжува својата успешна приказна на нова локација, овојпат заедно со Cunga Lunga.

Игротека Буба Мара (Карпош, наспроти зградата Настел, во близина на Розе Веро 2 (Тафталиџе)) е местото каде што во иднина ќе се организираат скопските Cunga Lunga журки и дружби со веселата екипа на Cunga Lunga џвакерите.

Родителите можат да уживаат во амбиентот, потсетувајќи се на своето детство со мирисот на карамелите, лижавчињата и мастики со тетоважи, а  децата можат да уживаат во својата луда забава, која никогаш нема да ја заборават. Роденденот е ден што го чекаме цела година, зарем не?  🙂

 Ви приложуваме фотографии од свеченото отворање на Игротеката Бубамара, која нуди безброј слатки изненадувања за секој славеник.

 Доколку сте заинтересирани за Cunga Lunga роденден, истиот можете да го резервирате на 070 618 879.

 

 

 

http://www.cungalunga.com/

http://www.makpromet.com.mk/

To Top