CUNGA LUNGA ПРИЈАТЕЛ НА НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ЏВАКЕРИ

Cunga Lunga е македонски бренд познат на #џвакерите ширум целиот Балкан, препознатлив вкус со кои израснаа многу генерации.

Неодамна снимија  рекламен спот ,а дел од  новата генерација  на џвакери беа децата од Драмскот Студио АРТ  и Медиа, се снимаше во Градскиот Парк во Битола, во една пријатна атмосфера, во која, на  љубопитните возрасни минувачи им се будеа убави спомени од детството, а помалите сакаа да бидат дел од целата „Чунга Лунга приказна“.

Џвакерите уживаа додека го снимаа спотот.

Несомнено по повеќе децении  постоење и успешна работа на Чунга Лунга, слободно може да забележиме дека „Нивното Величество Чунга Лунга“ се единствените кои се грижат детската игра и улична дружба да не прекине. Денес во време на интернет, мобилни во раце, социјални мрежи, новите генерации растат во  виртуелен свет, но во текот на снимањето  се почувствува радоста и потребата од вистинска реална дружба во реално време, сите на исто место.

Детството го паметиме по многу натпревари по најголем Cunga Lunga балон, шокираните лица на нашите родители кога ќе не видат исполепени од глава до пети со тетоважите, насмевките кога ќе не видат како си играме “возрасни” додека си играме со Magic Stickies. За време на снимањето, малите актери имаа можност да ја доживеат радоста на уличната дружба со мирисот на Чунга Лунга.

Cunga Lunga e детството на кое многу генерации му се навраќаат со воздишка, додека пак новите генерации заедно со Cunga Lunga сонуваат за иднината.

Чунга Лунга ги следи потребите на своите мали пријатели  Денеска, #џвакерите уживаат во најновиот производ на брендот – Cunga Lunga сладоледот,  кој е своевиден ХИТ!!! 

Со препознатливиот вкус на мастика, ова лето сите улични игри се cool.
Cunga Lunga сладоледот на стапче може да го најдете во сите фрижидери на Cermat.

 

To Top