Disney размислува за продолжение на Aladdin

Од Бојан Божиловиќ

Филмот кој достигна 1 милијарда на светскиот box office,може да добие продолжение.Dan Lin,продуцентот на Disney,изјави дека во студиото се размислува за продолжение на Aladdin.Филмот и покрај големата заработка имаше поделени мислења на критичарите,па сигурно тоа не е мотивацијата зад размислувањата на Disney за продолжение.

Тоа што најмногу им сметаше на критичарите е режијата на филмот и промените на карактерот на Jafar.Но и покрај тоа Aladdin влезе во листата на 42 филмови во историјата кои стигнале до 1 милијарда на светскиот box office.Па сигурно ова ќе биде главната мотивација на Disney доколку почнат да работат на продолжение.

После сето ова ќе биде интересно да се види,доколку од Disney се одлучат за продолжение,какво ќе биде сценариото и дали ќе има промена на режисерското столче и во актерската екипа.

To Top