Dwayne Johnson најплатен актер за 2019

Од Бојан Божиловиќ

На листата која ја објави Форбс,на најплатени актери за 2019,првата позиција ја зеде Двејн Џонсон со заработка од 89.4 милиони долари во периодот од 1 Јуни 2018 до 1 Јуни 2019.The Rock ќе заработи 23.5 милиони долари од Jumanji: The Next Level,кој треба да излези во Декември,а од серијата Ballers на HBO заработува по 700.000 долари од епизода.Покрај ова Џонсон заработува и од својата линија на алишта,чевли и слушалки со Under Armour.

The Rock оваа година играше во филмот Hobbs & Shaw,кој и не доби многу висока отценка,а до крајот на годината ќе се појави и во продолжението на Jumanji.Oткако беше објавено дека The Rock е најплатен актер имаше и многумина кои сметаа дека неговата заработка не е соодветна за квалитетот на неговите филмови.

Останатите актери од топ 5 за 2019 се Крис Хемсворт со заработка од 76.4 милиони долари,Роберт Дауни Џр. со 66 милиони,Аксхај Кумар од Боливуд со 65 милиони долари и на петтото место е Џеки Чен со 58 милиони долари.

To Top