Fortnite

Од Бојан Божиловиќ

Фортнајт е видео игра создадена во 2017та од студиото Epic Games и е достапна на повеќе платформи како што се Мicrosoft Windows,macOS,Play Station 4 и Xbox One,додека “Battle Royale” кој е еден од модовите за игра е достапен и за други платформи како Nintendo Switch,iOS и Android.Два мода за играње се “Save The World” и “Battle Royale”.Најголемата популарност играта ја достигнува во 2018та кога модот “Battle Royale” стана “free” односно достапна бесплатно.

Првиот мод,”Save The World”,е дизајниран како играч против околината, така што 4 играчи играат заедно кон иста цел на различни мисии.Играта започнува после бура на Земјата, по што 98% од населението е исчезнато,а преживеаните се нападнати од суштества слични на зомби,наречени “husks”.Играчите управуваат со засолништата,бараат ресурси,ги заштитуваат прежвеаните и сл.Со завршувањето на мисиите,играчите добиваат нови херои,оружја,шеми за стапици и сл.

Во модот “Battle Royale” играат максимум 100 играчи,во соло,дуо или тим од 3-4 играчи.Играчите без оружје се спуштаат од “Battle Bus” кој што ја поминува мапата на играта.Кога ќе се спуштат на земја,мораат да најдат оружје,предмети и ресурси и се обидуваат да останат живи и да напаѓаат други играчи.По неколку рунди,”safe zone” или безбедна зона,се намалува поради доаѓање на бура и со тоа играчите надвор од таа зона трпат штета и можат да бидат убиени,а играчите во таа зона остануваат на помал простор и се овозможува побрзо среќавање.Последниот играч,дуо или тим е победник.

Во двата мода,играчите користат казма за да срушат постоечки структури за собирање основни ресурси како,тули,дрва или метал.Потоа играчите можат да ги користат овие материјали за градење,како на пример,зидови,спратови или скали.Овие изградени делови можат да бидат едитирани и да им се додаде врата или прозорци.Maтеријалите што се користат имаат различна издржливост и можат да бидат ажурирани во поцврсти варијанти со употребување на повеќе материјали од истиот тип.Во модот “Save The World” ова му овозможува на играчите да изградат одбранбено утврдување на некој објект или тунел со стапици во кој ќе ги намамат хасксите.Во модот “Battle Royale” му овозможува на играчите побрзо да ја поминуваат мапата,да се заштитат од напад или да забават некој непријател.

 

 

Играта е дизајнирана на game jam во 2011 година но поради проблеми со кои се сретнале во текот на развивањето на играта и промените кои ги направиле,играта е објавена во 2017та.На почетокот играта не беше “free-to-play” и првичната намера на создавачите била да стане бесплатна дури во 2019та.Fortnite моментално е најиграна игра во светот но кога станува збор само за компјутер на првото место е League of Legends.Fortnite за помалку од 1 година ја играле повеќе од 125 милиони играчи,а студиото Epic Games заработува стотици милиони долари месечно.

 

Студиото Epic Games работи со развивање на видео игри,се наоѓа во Кери,Северна Каролина,САД.Компанијата првично имала поразлично име,а конечното име “Epic Games” го добива во 1999та.Компанијата е создадена од Тим Свинеј во 1991ва,освен него во компанијата поважни луѓе се,водечкиот програмер Стив Полџ и уметничкиот директор Крис Перна.”Epic Games” имаат под-студиа во Сиетл,Берлин,Јокохама,Сеул и Англија.Од 2012 40% од акциите во фирмата ги има кинеската компнија Тенсент.”Epic Games” е создавач на повеќе игри,како што се Fortnite,Unreal,Gears of War и Infinity Blade.

To Top