Red Dead Redemption 2

Од Бојан Божиловиќ

Red Dead Redemption 2 e видео игра издадена од Rockstar Games во Октомври 2018, продолжение на Red Dead Redemption,односно првиот дел,кој беше издаден во 2010.Жанрот на играта е акција-авантура и е достапна за платформите PlayStation 4 и Xbox One,ја нема за Microsoft Windows иако имаше петиција од некои фанови да биде достапна и на оваа платформа.

Играта ја опфаќа приказната на главниот карактер Arthur Morgan и младиот John Marston  кои се членови на бандата  Van der Linde.Приказната почнува во 1899та,со што се опфаќа почетокот на крајот на Дивиот Запад.Приказната на играта започнува така што бандата после една неуспешна кражба, е приморана да бега, а на својот грб ги има федералните агенти и најдобрите ловци за награда. За да опстани, бандата мора да кради, да се бори и да бега низ тешките предели на Америка, а ќе трпи и внатрешни поделби.По неуспешната кражба на почетокот, бандата за да избега од законот првично оди во планините. Dutch, кој е лидер на бандата,планира кражба на воз кој му пирпаѓа на богатиот нафтен стопанственик Cornwall,за да го финансира нивното бегство. Cornwall ја ангажира детективската агенција  Pinkerton,па така бандата Van der Linde мора константно да бега од законот.

Red Dead Redemption 2 првично е издадена само како Singleplayer,но предвидено е да има и Multiplayer,со наслов  “Red Dead Online” кој треба да биде достапен овај месец. Играта беше отценета со највисока отценка од многу критичари, земајќи ги во предвид приказната,карактерите,графиката и деталите во играта.Веб сајтот IGN даде отценка 10/10. Red Dead Redemption 2 e развиена во Rockstar Studios,продуцент е Rob Nelson, дизајнер e Imran Sarwar,програмер на играта е Phill Hooker,писатели на приказната се Dan Houser,Michael Unsworth и Rupert Humphries,а композитор на музиката е Woody Jackson.Играта ја има за 2 платформи но во соработка со Sony Interactive Entertainment, некои содржини од online делот ќе бидат достапни само за PlayStation 4.Дизајн директорот Imran Sarwar изјави дека од Rockstar Games сакаат,играчите да искусат се што нуди овај дел пред да почнат со другиот,односно online делот,и вели дека Singleplayer и Multiplayer ги гледаат како различни производи кои ќе растат одвоено. Кога станува збор за Multiplayer сегментот,покрај што се проширени оригиналните идеи на играта,земени се и неколку од најдобрите елементи од GTA Online.

Уште пред издавањето на играта,во еден артикл на компанијата NPD,се предвиде дека играта ќе биде најпродавана за оваа година,оставајќи ги зад себе,Call of Duty: Black Ops 4,Battlefied V и Fallout 76. Red Dead Redemption 2 е најпродаваната игра во прва недела од издавање,со 725 милиони долари заработка само во првите 3 дена и продажба од над 17 милиони копии во првите 2 недели,исто така постави рекорди за најмногу преордери,најголема продажба во прв ден на издавање и најголема продажба во првите 3 дена на маркетот на PlayStation Network.Играта има и многу номинации во повеќе категории како што се,”Најочекувана Игра”,”Најбарана Игра”,”Игра на Годината”,”Најдобар Аудио Дизајн”,Најдобра Акција-Авантура игра” и други.

To Top