The Lion King со нови рекорди

Од Бојан Божиловиќ

Филмот на Jon Favreau за кратко време од својата премиера стигна до 1 милијарда долари на светскиот box office но уште побрзо се искачи на првата позиција како финансиски најуспешен анимиран филм во историјата.На првата позиција се искачи со заработка од 1.335 милијарди долари,претекнувајќи го Frozen кој успеа да оствари 1.277 милијарди.

Но финансиските успеси на римејкот на Disney не застануваат тука.Филмот е моментално втор по заработка оваа година на америчкиот пазар,веднаш зад Avengers: Endgame.Покрај тоа The Lion King е сега и финансиски најуспешниот remake на сите времиња,надминувајќи го Beauty and the Beast(2017),кој застана на 1.263 милијарди долари.

To Top