Toy Story 4 е шестиот филм оваа година со заработка од 1 милијарда долари

Од Бојан Божиловиќ

Toy Story 4 е шестиот филм оваа година кој го прави овај успех.Филмот на Josh Cooley успеа за 55 дена да влезе во друштвото на 43 филмови во историјата кои достигнале 1 милијарда долари на светскиот box office,a покрај тоа доби и висок рејтинг.

Со ова од Disney можат да бидат и повеќе од задоволни од оваа година,кога станува збор за финансискиот успех на нивните филмови бидејќи ова е петти филм на Disney кој оваа година достигна над 1 милијарда долари на светскиот box office.

Но знаејќи дека Frozen 2 и Star Wars: The Rise of Skywalker сеуште ја немаа својата премиера,највероватно оваа листа ќе се зголеми на 7,бидејќи и овие два филмови се очекува лесно да надминат 1 милијарда.

To Top