Venom 2 е во изработка

Од Бојан Божиловиќ

Venom и покрај многуте критики стигна до заработка од 856 милиони долари со што е очекувано да има продолжение од филмот.На почетокот од годината, поради некои информации кои се појавија, се зборуваше дека продолжението од филмот е во изработка, а официјално ќе излези во Октомври 2020, но со последните информации кои ги даде продуцентката Еми Паскал, овај датум е под знак прашање.

Таа потврди дека филмот е во изработка но кажа дека немаат поставено временски ограничувања.Една од причините за ова можеби е ангажираноста на Рубен Флејшер (режисерот на Venom) на Zombieland: Double Tap кој треба да ја има својата премиера на 18ти Октомври оваа година.Но сепак нема официјални информации околу режисерот, сценариото и актерите.Тоа што е засега потврдено е дека Том Харди ќе се врати за продолжението.

Иако после таков успех на филмот би се очекувало брзо започнување со изработка на продолжение, од Sony можеби не брзаат со цел да го изработат филмот добро и да не изгубат на квалитет.

To Top