ЗОШТО Е ВАЖНО ДА ГИ НАУЧИМЕ ДЕЦАТА ДА ГОТВАТ

Децата сакаат да готват и да се врткаат околу вас во кујна, освен ако со вашата нетрпеливост не им ја уништите таа желба од старт

Семејните рецепти се пренесувале од генерации на генерации, но денес во времето на брзата храна и полната агенда со активности се помалку се задржуваме во кујна, а со самото тоа и нашите деца ги отргнуваме од истата.

 

Зошто е важно да ги научиме децата да готват

  • Затоа што ги оспособуваме да бидат самостојни,
  • да умеат сами да си подготват храна,
  • да препознаат свеж зеленчук и овошје, за да си подготват добар оброк,
  • ги учиме  здраво да се хранат
  • исто така ќе има кому да ги пренесеме старите „рецепти на баба“
за прв пат се одржа детски гастро настан  – ГОТВИМЕ СО ДЕЦАТА

 

Готвењето е игра соодветна за секоја возраст

Важно е да знаеме како да ги вклучиме децата во секоја активност во кујна, на пример –

деца  од 3-6години може да го мијат овошјето и зеленчукот, да сервираат, да ставаат хартија за печење , да обликуваат колачиња со модли и сл.

деца од 6-10години може да ги читаат рецептите, да го пишуваат списокот за купување намирници, да ракуваат со миксер и сл.

а децата од 10-13 години може да подготвуваат едноставни рецепти со мала помош, рендање, употреба на нож под надзор и сл.

Тинејџерите можат сами да си го планираат својот оброк, сами да направат избор  на храна  која би се послужила за журка и т.н.

Готвењето не е единствената активност во кујната

Покрај готвењето, многу е важна хигиената. Учете ги децата дека кујната треба да се напушти откако ќе се остават сите предмети уредни.

слични содржини –  Готвиме со децата

 

 

Готвењето е редовен предмет во Велика Британија

Во борбата против дебелината, намерите да се едуцираат децата на поле на исхраната, до 2011 година во Велика Британија, во сите училишта се воведе како предмет, а учениците од 11 – 14 години имаат по еден час неделно, во текот на едно тромесечие

гледајте го видеото на нашиот you tube канал

To Top