Леа Ризаова за #БонбонаНаМама: Наоѓањето информации на интернет е меч со две острици

Леа Ризаова е #ТвитерМама, авторката на youtube каналот Дома Со Леа ,, Првиот јутуб канал за мамички на македонски!  Јас сум Леа, првпат сум мајка и тука ќе споделувам како мајчинството ме однесе во паралелен универзум.,, – пишува Ризаова објаснувајќи ја нејзината идеа и цел.

 

Леа е воедно и втората учесничка во кампањата на Cunga Lunga #БонбонаНаМама, каде родителите ги споделуваат хумористичните и непредвидливи ситуации кои се секојдневие на младите родители.

Кампањата ќе трае еден месец, започна средината на август и ќе трае до средината на септември.

„Идејата е, најпрво искуства да споделат личности, што се интернет популарни и се надеваме дека тоа ќе охрабри многу мајки, да ни пишат во коментари нивни искуства. Доколку имаме такви коментари, ќе објавиме збирка од најдобрите искуства како статија. Најинтересните искуства што ќе бидат објавени, ќе бидат и наградени.“ – изјавија од Cunga Lunga.

 

,,Со секое првородено дете се раѓаат и мајка и татко во личностите на родителите. Ова е многу попрецизен опис од она што најчесто го слушаат идните родители:….

…..Тешко е 9 месеци, после ќе тргне во градинка, брзо расте, немој да доиш во јавност, разбуди го ако се смее во сон – ѓаволи го лажат…….

Онлајн просторот на македонски изобилува со вакви симплификации кои само ве оддалечуваат од вистината за она што ве очекува. Но наоѓањето информации на интернет е меч со две острици – пола не се корисни, пола се обидуваат да ви продадат нешто. Токму затоа почувствував потреба да дадам мој придонес со youtube  каналот Дома со Леа . И силно и искрено ги поддржувам сите родители и поединци кои наместо да конзумираат секакви содржини или да коментираат дека ништо не чини, преземаат чекор да ја подобрат ситуацијата онолку колку што е можно со оглед на новите приоритети во семејството. J,, – е ставот на Леа за состојбата на македонскиот интернет простор и од каде таа се инспирирала за водење на влог посветен на родителствувањето.

 

Прочитајте ја анегдотата на Леа  и кажете ни ги вашите комични искуства, ве очекуваме! J

,,Хранењето на бебе кое го боли меше или му растат запчиња знае да биде вистински предизвик. Кога неколку дена по ред одбива да јаде бидејќи е фокусирано на својот проблем, потребни се креативни решенија за дефокусирање. Јас сум голем противник за дистракција со екрани и мобилен или компјутер давам само во вонредни или неизбежни ситуации, но никако на дневна база. Највеќе затоа што на кревка возраст од 10-20тина месеци децата немаат потреба од хиперстимулација со екрани, туку ги забавуваат и најобични работи, како правење „фаци“ или звуци со устата.

Во еден ваков ден кога ќерка ми реши да не јаде, се сетив на гумите за џвакање, разџвакав неколку и почнав да правам балончиња. Кога го виде првиот балон се збуни сосем, кога пукна се изнасмеа и ја почувствува пријатната арома на мастиките. Со секој следен балон ќерка ми зинуваше за по една лажичка каша, а на секое пукнување се кикотеше. И ден денес чувам мастики во кујната, за секој случај. J’’

 

Погледнете го влогот на Леа посветен на изненадувањето од Cunga Lunga.

слична содржина –

Родители раскажуваат слатки маки: Aна Голејшка Џикова #Надјегдота

To Top